Принцезата Шарлин од Монако нема да учествува на јавни настани, вклучително и прославата на националниот празник на кнежевството оваа недела, додека закрепнува од здравствените проблеми, објави кралската палата. Принцезата ќе ги продолжи своите работни кралски ангажмани кога ќе ѝ се подобри здравјето.
„Нивното Височество одлучи дека е потребен период на мир за принцезата Шарлин да заздрави најдобро“, соопшти палатата.
Шарлин, која се омажи за принцот Алберт во 2011 година, се врати во Монако минатата недела, по неколку месеци минати во нејзината родна Јужна Африка. Ова покрена гласини за раздор во кралското семејство, но палатата го негираше тоа.
Принцезата во септември беше примена в болница во Јужна Африка на лекување на инфекција на „уво-нос-грло“, што довело до нејзината тешка состојба. Националниот празник на Монако е на 19 ноември. (МИА)