недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Принцот Чарлс стана моден дизајнер

Принцот Чарлс стана моден дизајнер

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, повеќепати беше прогласуван за најдобро облечен маж на светот од машките магазини, како што се „Eсквајер“ и „Џи-кју“, а сега ја претстави и својата линија облека.

Колекцијата „Модерн артисан“ (Modern Artisan) е составена од 18 луксузни парчиња облека – десет женски и осум машки, изработени од најквалитетни природни материјали и според принципите на одржливост што ги застапува принцот во сите области од животот. Кога станува збор за облеката, како што изјави за британски „Вог“, тој е згрозен од „брзата мода“, при што се купува и се фрла облека во големи количини.

– Претпочитам да ги поправам и преработувам, наместо да фрлам работи од плакарот, истакна тој. За тоа, се чини, сведочат и фотографиите направени изминативе десет години на кои принцот носи две идентични палта.

Палта, јакни, кошули и панталони се составен дел од проектот финансиран од Фондацијата на принцот, а во соработка со италијанскиот бренд „Јукс-нет-а-портер“. Облеката со потпис на британскиот принц ќе се продава преку нивната интернет-страница.

Целта за оваа долгорочна соработка, меѓу другото, е зајакнување на традиционалните вештини во производството на облека во Велика Британија и во Италија. Целиот приход ќе се вложи во програми за курсеви по текстил за млади луѓе преку Фондацијата на принцот.

Најнови вести