вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Принцот Хари издава мемоари, но нема да ги пишува како принц

Принцот Хари издава мемоари, но нема да ги пишува како принц

Војводата од Сасекс, принцот Хари се договорил со издавачка куќа да напиша автобиографија. Внукот на британската кралица Елизабета Втора вели дека тоа ќе го направи „не како принц кој така е роден, туку како човек каков станал“.

Мемоарите на принцот Хари ќе ги објави издавачката куќа „Пингвин Рендом хаус“, а најверојатно ќе излезат до крајот на 2022 година. Приходите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Книгата најпрво ќе биде достапна во Велика Британија, Канада и САД, а се верува дека брзо потоа ќе пристигне и во други земји.

-Пишувам не како принц, каков што сум роден, туку како човек каков станав. Низ годините носев многу шешири, како буквално, така и во преносно значење и се надевам дека со изнесување на мојата приказна низ многу падови и угорнини, грешки, научени лекции ќе можам да помогнам да се покаже дека без оглед на тоа од каде доаѓаме имаме повеќе заедничко отколку што мислиме, вели 36 годишниот принц.

Војводата од Сасекс вели дека е благодарен за укажаната можност да го сподели она што го научил низ животот.

-Возбуден сум што луѓето ќе ја прочитаат приказната за мојот живот од прва рака која е точна и целосно вистината, вели Хари.

Најнови вести