четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПРИНЦОТ ХАРИ СО НОВАТА ИЗЈАВА ЈА „СТРЕСЕ“ МОНАРХИЈАТА! Јавноста во шок поради неговите зборови за семејните односи: Америка за мене е дом!

ПРИНЦОТ ХАРИ СО НОВАТА ИЗЈАВА ЈА „СТРЕСЕ“ МОНАРХИЈАТА! Јавноста во шок поради неговите зборови за семејните односи: Америка за мене е дом!

Цела Велика Британија со денови е потресена од шокантното интервју кое принцот Хари го даде за американската телевизија Ен-Би-Си, во кое откри неколку неверојатни ставови кои повторно ќе го потресат кралското семејство.

– Знаете, домот за мене во моментов е Америка. Така се чувствувам. Во Санта Барбара сме пречекани со раширени раце, а таму имаме фантастична заедница – изјави Хари, нагласувајќи дека најверојатно нема да присуствува на прославата на јубилејот на неговата баба, кралицата Елизабета Втора во јуни во Лондон.

Хари, пак, не сакаше да открие дали му недостигаат татко му Чарлс и брат му Вилијам, но откри што најмногу му се допаѓа кај неговата баба, чиј роденден е денес, Елизабета Втора.

– Нејзината смисла за хумор и нејзината способност да гледа хумор во толку многу различни нешта. Имаме навистина посебен однос. Зборуваме за работи за кои таа не може да разговара со никој друг, па тоа е ослободувачко за неа. Но, мислам дека … По одредени години, родендените ви здосадуваат, рекол принцот и додал:

– Сега сум фокусиран на ова натпреварување (Invictus Games, чиј основач е тој) и на ова семејство и давам се што можам, 120 проценти од себе, за да се погрижам тие да го имаат искуството од својот живот. Тоа е мојот фокус овде. И кога ќе заминам одовде (од Холандија), се враќам и го префрлам фокусот на моето семејство, кое сега многу ми недостига.

Принс откри и како гледа на неговата голема промена во животот:

– Мислам дека мојот фокус е ист. И од гледна точка на мојата сопруга. За нас двајца, ова е животот за кој таа потпиша и ние сме посветени тоа секогаш да го правиме заедно, како пар. Поради околностите, таа задача сега ја префрливме во САД, но ќе продолжиме да го правиме она што го правевме претходно. Така што кај нас ништо не е сменето на тој план.

Најнови вести