среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Принцот Хари: Татко ми и брат ми не разговараат со мене по „Мегзит“

Принцот Хари: Татко ми и брат ми не разговараат со мене по „Мегзит“

Принцот Хари во интервјуто со Опра Винфри нагласи дека одлуката за да заминат со сопругата Меган од кралското семејството не била донесена зад грбот на кралицата Елизабета Втора.

Хари признава дека премногу ја почитува неговата баба, како и дека имал три разговори со неа пред јавно да биде соопштена нивната одлука. Принцот нагласува и дека неговиот татко престанал да контактира со него бидејќи, како што рече, ги земал работите во свои раце.

-Со кралицата сум во коректни односи и се слушаме релативно често, додека во татко ми и брат ми во моментов не разговарам. Татко ми многу ме повреди. Престана да ми се јавува откако ги земав работите во свои раце, а и самиот поминал низ нешто случно во животот, вели Хари кој се надева дека Чарлс ќе има повеќе разбирање за синот, но и за внукот.

-Вилијам и јас си дадовме простор. Се надевам дека времето ги лекува сите рани, па и нашите. Поминавме сешто заедно и секако дека ги сакам, вели Хари кој додал дека не жали за ништо, но и дека на некој начин е горд на нив.

Меган и Хари на крај од интервјуто заклучиле дека можеби останале без кралските титули, но овој живот повеќе им одговара.

Најнови вести