Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон го напуштаат Лондон со своите деца – пишува во соопштението објавено од палатата Кенсингтон.
Иако учебната година е во тек, парот решил да го напушти Лондон, а причината ги изненадила сите. Имено, како што објаснија во соопштението, на децата сакаат да им овозможат „нормален“ живот и воспитување.
Кејт и Вилијам ќе живеат со своите наследници во „колибата Аделаида“, која се наоѓа на околу 40 километри од Лондон, на имотот каде што се наоѓа и замокот Виндзор. Со овој потег тие ќе бидат поблиску со кралицата Елизабета Втора, но и со семејството Мидлтон, кое живее во истиот кварт.
Сепак, Кенсингтонската палата ќе продолжи да биде нивна официјална резиденција, се вели во соопштението.
Сè уште не се сигурни дали ќе имаат слуги во новата куќа, но голема е веројатноста дека ќе ја донесат дадилката која и помогнала на Кејт со децата, бидејќи децата веќе се навикнати на неа.
Како што се наведува во соопштението, родителите на три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, од септември ќе започнат во престижното училиште Ламбрук, во кое веќе има 615 деца, момчиња и девојчиња, на возраст од 3 до 13 години.
Училиштето се наоѓа во близина на Виндзор, што ја прави кралицата Елизабета многу среќна.
Директорот на училиштето Џонатан Пери изјави дека е многу среќен што децата од кралското семејство ќе бидат дел од нивниот тим и дека им посака многу успех во новата учебна година која започнува во септември.
Во официјалното соопштение се наведува и дека Вилијам и Кејт сакаат да бидат „активни“ родители, кои ќе бидат целосно посветени на своите деца, нивното воспитување и образование.
– Пред се тие и понатаму сакаат да бидат нормално семејство – се наведува на крајот од соопштението.