петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Принцот Вилијам лошо го прекрши кралскиот протокол, а камерите го уловија сето тоа, еве за што се работи! (ВИДЕО)

Принцот Вилијам лошо го прекрши кралскиот протокол, а камерите го уловија сето тоа, еве за што се работи! (ВИДЕО)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон како почесни членови на кралската ложа присуствуваа на четвртфиналниот тениски меч на Вимблдон кој го играа Британецот Камерон Нори и Белгиецот Дејвид Гофин.

Во еден момент од мечот Британецот невнимателно загуби поен, а членот на кралското семејство на тоа особено се налути и пцуеше, а камерите токму во тој момент го уловија.

Иако пцуењето му беше прекинато на половина пат и беше пуштена втората камера, гледачите останаа убедени дека Вилијам пцуеше: „Не, не, e***o!“

Пцуењето меѓу членовите на кралското семејство е строго забрането, а особено е непримерно кога некој од нив е на јавен настан или собир. Принцот бил под впечаток на натпреварот, па пцовките најверојатно му побегнале, а веднаш откако бил фатен во незгоден момент имало многу коментари дали постапил правилно.

Додека едни велеа дека навистина нема потреба од ова и дека Вилијам треба да внимава како се однесува бидејќи сите го снимаат, особено на ваков престижен настан, други застанаа во одбрана на Вилијам и рекоа дека е убаво да се види дека тој е само човек и дека влегува во игра кога играчот е негов граѓанин.

Дека се опуштени и сакаат да се дружат со сите, Кејт и Вилијам веќе безброј пати покажале на своите службени патувања, а брачната двојка учествувала во сите понудени игри и собири, со што докажале дека исто како мајката на Вилијам, Дијана, тие се луѓе од луѓе.

Најнови вести