петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Принцот Вилијам настојува принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот

Принцот Вилијам настојува принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот

Принцот Вилијам настојува неговиот веќе јавно отфрлен чичко, војводата од Јорк, принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот и должностите, додека младиот наследник за британскиот престол се подготвува да преземе поголеми одговорности пред можната смрт на неговата 96-годишна баба – кралицата.

Во низа написи на „Дејли мејл“ во пресрет на 40-от роденден на принц Вилијам, познатиот „кралски известувач“ Ребека Инглиш цитира извори кои велат дека Вилијам е „на иста страна“ со неговиот татко кога станува збор околу намалување на бројот видни членови на кралското семејство и дека тој не гледа никакво враќање за Ендрју, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка и поврзаност со сексуалниот напасник Џефри Епстин.

Војводата од Јорк, принцот Ендрју (62) е трето дете и втор син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Тој е деветти во низата наследници за британскиот престол.

„Тој (принцот Вилијам, б.п.) се чувствува многу решен за ова и ако беше до него, ќе настојуваше работите да се случат многу побрзо отколку што се случуваа“, како што вели неименуван негов пријател за весникот.

И друг извор додава дека внукот на кралицата има строги ставови за војводата од Јорк.

„Тој верува дека неговото настојување во обидот да се држи до јавна улога е многу опасно за институцијата (кралското семејство, б.п.). Тој (принцот Вилијам), да зависеше од него, одамна ќе ‘го исфрлеше’ (принцот Ендрју). Тој разбира дека кога се работи за мајка и син, таа состојба е сложена, но искрено мислам дека тој само посакува да исчезне од очите на јавноста“, појаснува неименуваниот извор.

Според наводите, Вилијам е и „во жалост“ поради уништената врска со Хари, но „многу е близок со своите братучетки Беатрис и Јуџини“ (ќерките на принцот Ендрју), и смета дека е „многу добро“ што тие имаат „свои семејства и кариери“.

Најнови вести