Принцот Хари се надевал дека ќе може да ги интервјуира Владимир Путин, Доналд Трамп и Марк Цукерберг за нивното воспитување и детските трауми на неговиот подкаст на Spotify, објави Блумберг.
Војводата од Сасекс разговарал за своите идеи за шоуто со голем број продуценти и продуцентски куќи, велејќи им дека сака да разговара со контроверзните личности за тоа како тие станале мажи какви што се денес.
Тој наводно сакал да разговара и со папата Франциско за религијата, но извршните директори не биле ентузијасти за неговите предлози.
Во меѓувреме, договорот на принцот Хари и неговата сопруга со Spotify заврши откако подкастот на Меган Маркл не беше обновен за втора сезона. Разделбата беше потврдена во заедничката изјава на Spotify и Archewell Audi, издавачката куќа на Хари и Меган.