Сообраќајната полиција го запре пејачот Слободан Васиќ на наплатна рампа кај Стара Пазова, бидејќи возел автомобил „БМВ“ со просечна брзина од 216 километри на час!
Овој прекршок познатиот пејач го направил на автопатот Белград – Суботица, каде камерата за просечна брзина го снимила и го открила прекршокот што го направил.
Откако бил запрен, Васиќ бил спроведен во Судот за прекршоци во Стара Пазово, каде судијата му изрекол казна од 100.000 динари, 14 казнени поени и заштитна мерка за управување со моторно возило во траење од осум месеци.