Цели два часа хрватската пејачка Северина Којиќ ги поминала во полициската станица „Трешњевка“ каде била на испитување поради пријавата на директорката на основното училиште „Матија Губец“, Лилјана Клингер.
Директорката пред полицијата кажала дека Северина на 10 март и се заканувала, по што пејачката била приведена.
View this post on Instagram
Jugo… prosinac 2017. #tb #split #hometown #jugo #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina
-Постапката е тајна, потпишавме изјава во тајност и не можам ништо повеќе да ви кажам, вели адвокатот на Северина, а истото го потврди и самата пејачка откако излезе од станицата.
View this post on Instagram
Sanjari osjete zoru prije ostalih…#volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #zahvalnazasve #severina
Таа била изненадена кога ги догледала новинарите пред полициската станица пред почетокот на испитот, пренесуваат хрватските медиуми.
Инаку заканите Северина како што пренела директорката во полициската станица ги упатила кога дошла по синот со сопругот Игор Којиќ, а на Игор не му било дозволено да го земе синот на пејачката, по што Северина наводоно и порачала дека ќе се видат на суд, а таа тоа го сфатила како закана.