На аукција во американската сојузна држава Аризона, беа продадени 21 автомобил што му припаѓале на покојниот актер Пол Вокер. Вкупниот приход од наддавањето изнесува 2,33 милиони долари.
Само БМВ М-3 од 1995 година достигна цена од 385.000 долари во саботата, на последниот ден од традиционалната „Барет-Џексон“ аукција за автомобили која трае една недела.
Меѓу најпривлечните возила за посетителите беше и Нисанот 370-з што е користен во „Брзи и бесни 5“. Беше продаден 105.600 долари.
Пол Вокер, страстен вљубеник во автомобили, и најпознат по серијалот филмови „Брзи и бесни“, загина 2013 година во сообраќајна незгода.