вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Продолжуваат проблемите во односот на Шакира и Пике

Продолжуваат проблемите во односот на Шакира и Пике

Пред неколку месеци во светските медиуми беше објавена веста дека Жерар Пике и Шакира раскинале по 12 години.

Врската помеѓу познатиот фудбалер и пејачката беше интересна за медиумите, а нивната пауза дојде како „експлозија“.

Откако Жерар Пике раскина со познатата колумбиска пејачка, во шпанските медиуми се појавија различни информации за приватниот живот на двајцата.

Шпанските медиуми пишуваат дека колумбиската пејачка наводно планира одмазда, откако видела дека фудбалерот се појавил со новата партнерка со кој наводно е во врска од пред една година.

Меѓутоа, светот остана шокиран од новите фотографии кои ги објави угледната „Марка“.

На фотографиите се гледа жестока расправија меѓу Шакира и Пике на јахта. Ова се случило за време на годишниот одмор, а работите да бидат уште подраматични, сето горенаведено се случило пред очите на нивните деца, кои ја следеле расправијата меѓу двајцата сопружници.

Најнови вести