четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„ПРОКЛЕТИ ПАРИ“: Никола Којо открива што најмногу му пречи и што му е најтешко во работата

„ПРОКЛЕТИ ПАРИ“: Никола Којо открива што најмногу му пречи и што му е најтешко во работата

Славниот актер се пожали на темпото на живот кое го диктира работата со која тој се занимава.

Никола Којо е еден од најангажираните актери во моментов, а публиката може да го гледа и на филмското платно и во балканските ТВ серии. Тој ужива во својата работа повеќе од четири децении, но целодневната напорна работа често го истрошува.

-Раното станување ужасно ми пречи. Целата планета се забрза, мораме се да направиме брзо. Комедијата е најпребирливиот жанр и бара време. Тоа што не е добро е самото време, ако имавме повеќе време, ќе беше супер. Има една интересна љубов меѓу сите нас, рече Којо.

Актерот додаде:

„Се случува да се пробијат роковите, да недостасува време, тешко е. Кога работев на Стадо, морам да се пофалам дека успеав да се вратам на пет дена снимање и два дена одмор. Тоа е се за проклетите пари кои ни паднаа на сите нас како товар и станаа најголем проблем во создавањето уметност и живот, но што да правиме“, заклучи тој.

Најнови вести