Таткото на Меган Маркл, Томас (76) со кого таа не е во добри односи, проговори за медиумите по големото интервју на неговата ќерка и принцот Хари кај Опра Винфри.
Томас денеска ги коментираше зборовите на ќерката дека „ја издал“.
-Сите правиме грешки, но јас никогаш не играл гол билијард и не се облекував како Хитлер, како што Хари тоа го правеше, изјавил Томас.
Тој открил дека „се извинил повеќе од 100 пати“. Воедно негирал дека членовите на кралското семејство и британската јавност се расисти истакнувајќи дека таквите изјави на ќерката и зетот се „вистинско ср**е“.
Томас додал дека иако ја изневерил Меган, и таа него му го направила истото откако ги прекинала сите врски со него по неговата операција на срцето.
-Таа не ме загуби. Дала изјава во која вели дека го изгубила таткото,но тоа не е тачно, јас секогаш бев со неа, тука сум за неа и сега ако ме сака, изјавил Томас.