вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Прстенот за трет брак веќе е на раката на Лила, а сега ја избра и венчаницата- еве како изгледа (ФОТО)

Прстенот за трет брак веќе е на раката на Лила, а сега ја избра и венчаницата- еве како изгледа (ФОТО)

Пред сезоната на венчавки која и официјално ќе започне турбо по велигденските пости, традиционално како и секоја година во Скопје се одржа Саемот на венчавки.

Идните невести кои се во дилема каква венчаница да изберат, декорација на свеченоста, музика, фотограф и разни детали, беа присутни во публиката за да ја погледнат понудата.

Неколку познати дами од јавниот живот во земјата беа на сцената и продефилираа како манекенки-невести. Некои од нив за првпат беа во невестински фустан, други пак го носеа и повеќе од седумпати.

Па така на писта прошетаа од Марјана Станојковска, до Светлана Црнокрак, Александра од „Брза кујна“, пејачка Зои Блаж и други.

Меѓу нив беше и Лила Филипвска која откако го стави свршеничкиот прстен на рака, се појави на вистинското место за себа.

Таа и овој пат беше заштитното лице на модната куќа „Елена Лука“, а на својот Инстаграм објави неколку фотографии од кои на следбениците им покажа како изгледа како несеста во два различни модели.

Кој и да го избере, чувството да се носи венчаница е префинето и посебно, независно по кој пат се носи.

Најнови вести