Во српските медиуми утрово се појави лажна вест дека на семејството на познатиот рапер кој трагично загина неодамна му е потребна финансиска помош.
Како што пренесуваат медиумите близок пријател на раперот Далибор Андонов организирал продажба на маици со неговиот лик, а парите од продажбата на истите ќе оделе за сопругата на трагично загинатиот пејач која е невработена.
Бидејќи само Гру заработувал во семејството додека беше жив, во јавноста овие денови се појави лажна вест дека неговото семејство се соочило со нов животен проблем- немањето на доволно финансиски средства.
По ова веднаш се огласи и убавата манекенка која остана вдовица.
-Ви благодарам на медиумите (а малку ги има) кој го сфатија гестот на пријателот на Далибор по повод продавањето на маиците од марката „FAKE“, за неупатените мојот сопруг ја рекламираше оваа марка (што можете да видите на неговиот Инстаграм профил) така да овој гест е еден вид благодарност. На жалост живееме во време на глупости и сензација, па во сето тоа забораваме на човечноста. Ве замолувам вас како некои кои што никогаш не сте биле дел од нашите животи да не пуштите да тагуваме на мира и тишина. Најнапред благодарност од мене Даница Андонов, од срце им се обрати неговата сопруга.
View this post on Instagram