понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Познати

Прв роденден како Војвотка: Еве како Меган ќе прослави овој викенд

Прв роденден како Војвотка: Еве како Меган ќе прослави овој викенд

Меган Маркл, ќе наполни 37 години во сабота, на 4-ти август, и така ќе го забележи својот прв роденден како Војвотка од Сасекс.

Меѓутоа, нема да има никаква раскошна забава за поранешната ѕвезда на „Suits” овој викенд, наместо тоа, ќе го придружува сопругот принцот Хари на свадбата на негов пријател од детството.

Кралскиот фотограф Тим Рук потврди на Твитер дека Хари ќе биде кум на венчавката на неговиот пријател Чарли ван Штраубензи на 4-ти август – истиот ден кога е и роденденот на Меган.

Чарли присуствуваше на кралската свадба претходно оваа година. Тој ќе се ожени за Дејзи Џенкс во Чарт Сари.

Минатата година, за роденденот на Меган, Хари ја однесе на романтична прошетка на сафари во Африка.

4-ти август е исто така значаен датум за бабата на Меган, кралицата Елизабета, бидејќи тоа е датумот на раѓање на мајката на кралицата.

Најнови вести