Ана Ивановиќ пред неколку дена се породи и роди момче чие име таа и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер сѐ уште не го откриваат, а првата фотографија по породувањето ја сподели со своите следбеници.
Ана ја воодушеви јавноста кога на социјалната мрежа Инстаграм покажа како изгледа само неколку дена по породувањето.
Ана со широка насмевка на лицето блеска на црно-белата фотографија. Нејзината фигура по третото раѓање изгледа исто како и досега, како што многумина коментираа под фотографијата.
View this post on Instagram
Здравата исхрана и начин на живот на поранешната тенисерка, на кои е навикната долго време, секако и помогнаа да ја одржи фигурата и младоста, кои често им ги препорачува на своите обожаватели.
Да потсетиме, една од најдобрите тенисерки често на својот Инстаграм профил промовира здрава исхрана, која ја следела и за време на бременоста, а покрај корисни совети, Ана со своите следбеници често споделува и моменти од семејниот дом, што очигледно е полн со љубов и среќа.