Семејството е во шок и неверување по трагичната смрт на Шабан Шаулиќ во тешката сообраќајна несреќа во Германија.
По тажните вести во домот на Шаулиќ започнаа да доаѓаат членовите на поширокото семејство, неговите колеги и пријатели.
Откако вчера веднаш за Германија заминаа неговиот син и ќерка, сега во домот на Шаулиќ фоторепортерот на Телеграф ја улови сопругата на пејачот.
Гога Шаулиќ била уплакана, бледа и облечена во црно додека разговарала со некого на мобилниот телефон, а потоа веднаш влезе во домот.
ФОТО: Телеграф.рс/А. Налбантјан