понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Прва порака од главната актерска екипа на „Пријатели“ по смртта на Метју Пери: Бевме семејство

Прва порака од главната актерска екипа на „Пријатели“ по смртта на Метју Пери: Бевме семејство

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер му оддадоа почит на нивниот починат колега и пријател Метју Пери, кој го играше Чендлер Бинг во сите 10 сезони на „Пријатели“.

Два дена по ненадејната смрт на Метју Пери, неговите колеги од хит телевизиската серија објавија заедничка изјава за магазинот People.

-Сите сме целосно уништени од загубата на Метју. Бевме повеќе од само колеги. Ние сме семејство. Има многу да се каже, но сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја процесуираме оваа голема загуба. Ќе кажеме повеќе со текот на времето, како и кога можеме. Засега, нашите мисли и нашата љубов се со семејството на Мети, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот, се додава во соопштението.

Пораката е потпишана од Анистон, Кокс, Кудроу, Лебланк и Швимер.

Најнови вести