Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ на која автобус и ја откина раката во моментов се наоѓа во клиничкиот центар во Белград каде успешно се опоравува од тешката сообраќајна несреќа во која излегувајќи од автомобилот автобус налета на неа.
Таа по два месеци опоравување неодамна прв пат се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија од моменталната ситуација, а сега прв пат излезе и од болничката соба.
Како што пишуваат српските медиуми таа по два месеци поминати во болничката соба била видена во паркот на болницата каде била расположена, а како што вели сопственикот на „Пинк“ телевизија таа многу наскоро ќе се врати и пред малите крани.