Пејачката Индира Инди Арадиновиќ проговори по видеото од тепачката со нејзината сестра Едита Арадиновиќ кое се појави во јавноста пред неколку часа.
Имено, Инди откри каков однос има со Едита, а се наврати и на споменатата снимка.
– Немам коментар во врска со видеото што беше објавено, со Едита имам одличен однос – изјави пејачката за „Информер“.
Во оваа прилика српските медиуми се обидоа да стапат во контакт со Едита, но пејачката не одговорила на нивните повици.
Да потсетиме, Едита и Инди се степале пред зграда во Белград, а на споменатата снимка може да се слушне како Инди бара од сестра и да и го врати телефонот. Во тој момент, Едита видно бесна го фрла телефонот неколку метри подалеку.
Сестрите продолжиле да се туркаат, влечат и се тркалаат по подот, а во еден момент излегла и нивната мајка и ги разделила.