Синот на српскиот фолк пејач Бора Дрљача почина по долго боледување. Неговиот син Владимир раскажа како се одбивале последните денови од животот и оти починал опркужен од најмилите.
– Татко ми почна да се гуши вода му влезе во белите дробови. Се бореше за здив не успеа. Отиде брзо, не се мачеше фала богу. Го држав за раце додека умираше. Сакаше нешто да ми каже но не можеше да зборува. Умре во кругот на семејството-раскажа Владимир.
Дрљача почина на 11 октомври, а последно гостување му беше на ТВ Хепи, каде што со тажен глас зборувал за најинтимните работи, за своите страдања, но и за непрежалени работи…
– Најтешко ми е што немам внучиња, едниот син ми е оженет, снаата е многу добра, другиот син не е оженет, не сум среќен во животот. Првата жена ми се отру со таблети, втората почина од канцер… Џабе ми се сите ѕидини кои ги изградив кога нема внуци…
– Жалев за старите времиња, кога се патуваше со автобус, луѓето повеќе се сакаа и беа по искрени, додал покојниот Бора.