Командантот на српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан е убиен пред точно 23 години во хотелот „Интерконтинентал“ кога во него пукаше Доброслав Гавриќ и уште двајца соучесници.
Жељко пред да се ожени со Цеца бил во брак со убавата Наталија Мартиновиќ на која мистериозно и се губи секоја трага во еден момент.
Имено Наталија и Аркан биле во брак 13 години, а по неговата смрт и семејната трагедија кога и починал братот таа ги спакувала куферите и ја напуштила Србија засекогаш.
Тоа што се знае е дека таа отпатувала за Лос Анџелес каде започнала нов живот. Оваа информација ја открил во тоа време финансискиот директор на сите фирми на Аркан.
-Во Америка е, во Лос Анџелес. Живее тешко и се мачи, Наталија чува деца, таа е бебиситерка. Ми кажаа дека се разболела… близнаците и Милена завршиле колеџ работат по две работи и живеат добро, додека најмладата Маша се уште се школува, објасни тогаш соработникот на Аркан.
Bivša Arkanova žena je prava misterija zar ne?! pic.twitter.com/EcMVLqnQeR
— Apokaliptick (@Apokaliptick) August 12, 2016
Денес тешко да се најдат фотографии од неа, но во една прилика еден од синовите сподели фотографија на која е насмеана и среќна.