Пред неколку дена, братот на Енрике Иглесијас, Хулио, ја откри веста дека Ана Курникова се породила со третото дете.
По две недели приватност, парот ја потврди веста. Близнаците Луси и Николас добија сестричка, а среќните родители објавија фотографии од малечката ќеркичка веднаш по раѓањето.
Во описот на фотографиите и двајцата напишаа „Моето сонце“ и го ставија датумот на раѓање на малата убавица 30.01.2020 година.