Фудбалерот, откако ја затвори долгата љубовна приказна со Шакира, беше овековечен на концерт со девојката која озборувањата ја прикажуваат како негова нова девојка: „Си разменија галење пред сите“, пренесува Socialité. Но, официјалниот статус сè уште недостасува.
Минатата недела, од доушниците на англиските таблоиди, се појави сензационална вест: Жерар Пике, по разделбата со Шакира објавена минатиот јуни, наводно во голема тајност излегува со 23-годишната девојка Клара Чиа Марти. Гласината која ја лансираше „The Sun“ во последните неколку часа веќе не е само хипотеза откако штотуку „протекоа“ некои фотографии објавени од шпанските медиуми каде парот е уловен заедно.
Според Socialité, емисија која се емитува на Telecinco, парот изгледа решил да излезе во јавност: кадрите направени минатиот петок во Баја Сердана по повод концертот на Дани Мартин, ги прикажуваат Жерард и Клара за прв пат заедно во јавност. Очигледна е размената на нежности.
Шпанските медиуми веќе „работат“ на хипотези и реконструкции на настаните за да дојдат до сознанието дали токму оваа девојка е причината за разделбата на Пике и Шакира. До денес, всушност, не е познато кога е активирана искрата меѓу двајцата, но сигурно е дека веќе изгледаат прилично блиски. Но, која е Клара Чиа Марти? Студентка за односи со јавност која во минатото работела за некои настани организирани од продуцентската куќа Пике. Според шпанските медиуми, токму така се запознале.
Во меѓувреме Шакира – која помина дванаесет години со фудбалерот и со кој има две деца Милан (9) и Саша (7) – е подготвена трајно да се пресели на Флорида со своите деца.
Во секој случај, со оглед на тоа што никој од директно инволвираните нема дадено интервју ниту изјава за ова прашање, има многу прашалници. Иако, со најновите фотографии, неколку прашалници помалку.