Сопругата на Алек Болдвин се огласи првпат во јавноста откако актерот на филмски сет случајно ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани директорот Џоел Соуза.
-Моето срце е со Халина. Нејзиниот сопруг, нејзиниот син. Со нивното семејство и сакани. И со мојот Алекс. Се вели „нема зборови“ бидејќи невозможно е да се изразат шокот и болката за ваква трагична несреќа. Скршено срце. Загуба. Поддршка, напиша Хиларија Болдвин на Инстаграм.
Поддршка во коментарите и пружиле голем број познати лица.
View this post on Instagram