Британскиот принц Хари и неговата сопруга, екс актерката Меган Маркл ја започнаа својата тридневна посета на Њујорк и Светскиот трговски центар.
Ова е нивно прво официјално појавување откако го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија во 2020 година.
Облечени во црно, тие изразиле сочувство до жртвите кои загинаа во терористичкиот напад на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година, како и на нивните семејства и пријатели кои ги загубија своите најблиски.
Меган носи елегантни долги панталони и долг капут. Нејзината шминка е дискретна, а косата ја врза во ниско коњско опавче. Меган изгледала многу ефикасно, моќно и шик, сметаа модните експерти.
Хари носи црн костум, бела кошула и вратоврска, како што доликува на ваков настан.