недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Првпат го покажа трудничкото стомаче: Верувале или не, ова е Адријана Лима (ФОТО)

Првпат го покажа трудничкото стомаче: Верувале или не, ова е Адријана Лима (ФОТО)

Адријана Лима првпат го покажа трудничкото стомаче во црн фустан додека со момчето Андре Лемерс присуствуваа на Модната недела во Париз.

Манекенката неодамна објави дека е бремена, а сега се појави во јавноста. И покрај тоа што веројатно не е благодарно да се коментира изгледот на бремена жена, многумина останаа зачудени од нејзиниот изглед, конкретно лицето.

И таа како многу ѕвезди, има естетски зафати и филери, а во бременоста тие дојдоа до израз, па дежурните коментатори реагираа на нејзиниот лик.

Сепак, во манир на вистинска кралица, манекенката која бездруго е синоним за убавина во светски рамки, проделифира на црвениот килим во прекрасен црн фустан. Тесната силуета и нагласеното стомаче се во прв план, а проѕирните детали беа најозборувани. Изгледот таа го надополни со златни сандали и робусен накит на прстите на рацете.

Да потсетиме, манекенката во првото видео на својот тикток-профил, објави дека чекаат принова со нејзиниот партнер, а бебето треба да се роди наесен.

Ова ќе биде прво заедничко дете на парот, а не се знае како и кога почна нивната романса. Прво појавување во јавноста беше на Венецискиот филмски фестивал во јуни, 2021.

Најнови вести