Миљана Кулиќ, која се уште е на лекување во Клиничкиот центар на Србија, не требало да оди на операција за намалување на желудникот во психички нестабилна состојба каква што е нејзината, заклучи тимот на лекари кои моментално се грижат за неа.
-Покрај нестабилната состојба поради тромбоза, познатата учесничка во реални шоуа Миљана Кулиќ, западнала и во психичка криза поради нередовно лекување и прескокнување терапии, од кои нема да закрепне доколку не биде принудена да оди на психотерапија, тврди извор кој има пристап до медицински извештаи.
Токму затоа, како што дознава српска „Република“, психијатарот под чиј надзор моментално е Кулиќ, ѝ држел лекција на нејзината мајка Марија и и го привлекол вниманието дека прво требало да се позанимаваат со психичката состојба на Миљана, па дури потоа да ја однесат на операција за смалување на желудникот, тврди тој извор близок до семејството.
Имено, откако на Миљана ѝ била доделена психијатриска терапија поради нејзиното агресивно и неартикулирано однесување, поради што таа врескала по медицинските сестри и го извадила катетерот кога се разбудила во шок собата во Белград, каде што била префрлена од Ниш поради тромбоза, стручниот совет се занимаваше со историјата на нејзините психолошки проблеми. Семејството Кулиќ било предупредено дека мора сериозно да ја сфатат дијагнозата на Миљана и да и помогнат да заздрави, во спротивно нема да ја пуштат дома.
-Она што психијатарот кој сега е назначен кај Миљана го заклучил е дека во нејзиниот случај се работи за нередовно лекување и прескокнување на терапијата. Целото семејство зазема крајно несериозен и неодговорен однос кон нејзината дијагноза, па побара детален извештај од претходниот лекар специјалист, како и целата историја на нејзините психички болести, за строго да подвлече како во иднина секој мора да се постави и на кој начин да се помогне во лекувањето, пренесуваат медиумите.