недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПУКНА ПРИЈАТЕЛСТВОТО ПОРАДИ ГОЛИ ФОТОГРАФИИ- Северина „распали“ по Јована Јоксимовиќ: Децата ни играа заедно!

ПУКНА ПРИЈАТЕЛСТВОТО ПОРАДИ ГОЛИ ФОТОГРАФИИ- Северина „распали“ по Јована Јоксимовиќ: Децата ни играа заедно!

Северина се присети на настаните од 2018 година во српското шоу 150 минути, кога нејзините голи фотографии се појавија во јавноста.

– Водителката ги објави моите голи фотографии во утринската програма, кои беа хакирани од мојот телефон. Нашите деца играа заедно, го познавам нејзиниот сопруг пејачот. Во една прилика дури му напишав репертоар за концерт. Па нивното дете и моето дете си играа заедно, се дружевме како пријатели, но, без оглед на тоа, такви работи едноставно не одат. Таа ги пушти тие фотографии во 10 часот на телевизија. Беше ужасно , рече Северина, наводно, неиспровоцирана, затоа што таа за темата до тогаш не се зборуваше во емисијата, пишува Блиц.

Иако Северина не ја именуваше, српските медиуми шпекулираат дека таа мислела на Јована Јоксимовиќ, ТВ-водителка и сопруга на Жељко Јоксимовиќ, која ги коментираше нејзините голи фотографии во нејзината емисија за гости во 2018 година.

– Ох не. Не сакам да коментирам, ти благодарам за поканата и збогум, изјави кратко Јована Јоксимовиќ за српски Телеграф.

Најнови вести