среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Радост најголема во домот на Огнен Здравковски: „Денес ми е еден од најубавите и најсреќните денови“ (фото)

Радост најголема во домот на Огнен Здравковски: „Денес ми е еден од најубавите и најсреќните денови“ (фото)

Младиот пејач Огнен Здравковски сподели убава и радосна вест со своите пријатели, следбеници и обожаватели, а за која сакаше да слушнат и да разберат сите.

Имено, неговата постара сестра, виолинистката Оле Здравковска Шундиќ и сопругот Богдан станаа родители своето прво дете.

Оле и Богдан добија здраво и живо машко бебе за кое вујче Огнен гордо се пофали:

It’s a Boy – Newborn greeting lettering with crown. Good for textile print, poster, greeting card, baby shower and gifts design.

-Денес ми е еден од најубавите и најсреќните денови во мојот живот.
Добив внук, станав вујко!Добро ни дојде Алекса, душа на вујче! – напиша Огнен заблагодарувајќи му се на докторот кој ја породил Оле.

За потсетување, веста дека семеството ќе се прошири младите ја споделија во месец мај, кога преку балони со конфети открија кој е полот на бебето и тоа уште во рана бременост, а се тоа благодарение на напредната медицина и технологија.

Оле и Богдан беа во врска повеќе од две години, а нивната љубов ја крунисаа со брак на Денот на виното и вљубените, 14-ти февруари 2021 година кога официјално стана мажена жена, односно госпоѓа Шундиќ.

Да е здрав и жив Алекса!

фото: Фјсбук/ Огнен Здравковски/ Оле Здравковска Шундиќ

Најнови вести