Најуспешниот шпански тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга Марија го очекуваат своето прво дете.
Магазинот „Хола“, по бројните шпекулации во медиумите, објави фотографии од парот кој е на брод. Марија е во костим за капење кој го оцртува нејзиното трудничко стомаче.
Надал и Марија се заедно 17 години, а се запознале преку неговата сестра Марибел.
Парот се венчаше во 2019 година во Мајорка на приватна прослава од која подоцна во јавноста се појавија фотографии на кои младоженецот и невестата се прегрнати.
Инаку, Надал неодамна истакна дека може да се види себеси во улогата на татко, но чека да ја заврши тениската кариера за да се посвети на таа улога.