сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Рајан Рејнолдс го покажа своето новороденче и ги предупреди сите политичари

Рајан Рејнолдс го покажа своето новороденче и ги предупреди сите политичари

Рајан Рејнолдс го покажа своето новороденче и ги предупреди сите политичари.

Рајан Рејнолдс (42) и Блејк Лавли (32) ја објавија првата фотографија од своето новороденче на социјалните медиуми користејќи ја објавата за да зборуваат за климатските промени.

„Ја сакам Британска Колумбија. Посакувам моите ќерки да пораснат на истото игралиште во природа како и јас. Кандидатот што ќе го изберете сега, ќе ja води политиката за климатски промени во наредните четири години. Се гордеам на напредокот што го постигнавме во последните четири години“, напиша актерот притоа откривајќи дека Блејк родила ќерка пред два месеца.

Со тоа славната холивудска двојка го прекина медиумскиот молк, а на бебето на фотографијата му го прекриле лицето. Тие се фотографирани на местото каде што се запознале.

Двојката веќе има две ќерки, Џејмс (4) и Инес (2)

Најнови вести