Ники Минаж, американската раперка позната по пластичните операции беше гостинка во шоуто на Елен Диџенерис и отворено проговори за сексуалниот живот.
Признала дека од мажите има одредени очекувања кои тие мора да ги исполнат во спалната соба.
Имено, Ники не сака да биде со маж кој не може да има секс со неа три пати во една ноќ.
-Ги гледате еднаш или два пати неделно, потоа три пати. Кога ќе те видам, три пати во една ноќ! Ако тоа не можеш да го издржиш, збогум! Јас не го трошам моето време, рекла славната раперка, која сепак вели дека може да се направи пауза од половина час.
Барањата на Ники не застанаа тука. Таа додала дека нејзиниот избраник мора да биде и брз:
“Завршив во мажите кои сакаат да се бакнуваат, и јас сакам да се бакнувам, но премини на работата…”.
-Направи го тоа што треба да го направиш и побрзај. Немам време за сето тоа, додала Ники.
И тоа не е сè, Ники вели дека после секс мрази да се прегрнува и разменува нежности.