Поминаа неколку месеци откако поранешната Бинго девојка и манекенка, Натали Ѓрубовиќ, за првпат се реализираше во улогата на мајка.
2017 година која ја испративме убавата Натали ќе ја памети по доаѓањето на нејзината наследничка Натали, бракот, љубовта на сопругот и грст убави нешта предизвикани од приновата која го исполни нејзиниот живот.
Сестрите Грубовиќ сега се повеќе се околу тазе мама Натали, а освен тоа кога се уште поголемо семејство, семејните дружби се уште послатки.
Па така, ниту за Нова година сестрите не останаа одвоени едни од други, а на гости кај Натали дојде нејзината сестра Марија со која за најлудата ноќ беа излезени низ улиците на Нови Сад.
Облечени во раскошни бунди и без многу шминка на себе, го истакнаа она што им го дала мајката природа, а претпоставуваме дека вака убави, стојни и маркантни, биле едни од највпечатливите.
Инаку, Натали Ѓрубовиќ веќе неколку години живее во Србија и работи како менаџерка, а со сопругот стапија во брак кон крајот на месец мај 2016 година.