Српската пејачка Ана Николиќ ја шокираше јавноста откако медиумите открија дека таа веќе подолго време е во тајна врска со извесниот Иван кој е нејзин личен шофер.
Ана оваа информација ја криела долго од јавноста, но и од поранешниот сопруг Стефан Ѓуриќ- Раста на кого ова сознание не му се допаднало.
-Кога Раста дозна дека Ана е во врска со возачот, тој буквално полуди, додека пејачката била пресреќна во новата врска. Иван кон неа се однесува како кон принцеза, тој дури ја натерал Ана да ослабе, вели извор близок до парот.
Тој додава дека тие со години се знаеле и од секогаш биле еден за друг.
– Пејачката после долго време повторно е среќна и задоволна со себе, таа многу е заљубена и едноставно тој е вистинскиот човек за неа. Се грижи и за нејзиното дете, вели изворот.
Ново печениот пар инаку минатата недела беа во Македонија, па така Раста дознал за нивната врска.
View this post on Instagram