Поранешната девојка на Авичи се огласи на Инстаграм, откако во петокот се прошири веста за неговата смрт на само 28-годишна возраст.
Емили Голдберг го призна кршењето на срцето од оваа вест преку Инстаграм пост, со нивни заеднички фотки и кратка порака.
-Ајде, не се откажувај од нас. Одбери ме мене и ќе ти покажам што е љубов – тоа е дел од текстот на песната која Тим ја напиша за мене. Посакувам да живеев по овие зборови. Во тие две години додека бевме заедно тој ми беше најблискиот човек на кој се исповедав, и мојот најдобар пријател. Сега не можам да ги погледам фотографиите, а да знам дека никогаш веќе нема да му го видам лицето. Се уште ги собирам своите мисли. Ви благодарам на сите за пораките на поддршка. Разбудете ме кога сето ова ќе заврши, бидејќи не сакам да е стварно. Почивај во мир, Авичи – напишала Емили, која со починатата ѕвезда била од 2013 до 2015 година.