сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Раздорот меѓу сестрите Ковач е неиздржлив: „Тажно е за твојата ќерка да велиш дека му е ЕДИНСТВЕНА внука“ – пејачката се огласи по обвинувањата

Раздорот меѓу сестрите Ковач е неиздржлив: „Тажно е за твојата ќерка да велиш дека му е ЕДИНСТВЕНА внука“ – пејачката се огласи по обвинувањата

Раздорот меѓу сестрите Кристина и Александра Ковач, не се помири ниту со неодамнешната смрт на нивниот татко Корнелие. Сега започна бурна полемика, а се приклучи и една личност која ја следи пејачката на социјалните мрежи.

Имено, откако Кристина Ковач на Инстаграм сподели црно-бела фотографија од детството со родителите и во описот ја спомна својата ќерка, меѓу другото, еден корисник на оваа социјална мрежа и рекол:

-Тажно. Се расправате со сопствените сестри и тоа преку социјалните мрежи. И уште потажно е да се инсистира дека ќерка ти е ЕДИНСТВЕНО негово внуче. О Боже. На таа возраст, претпоставувам дека ти остана малку мудрост и достоинство… Тажно.

„Ви благодариме за вашиот коментар. Жал ми е што ги гледаш моите најдлабоки чувства од таа гледна точка. Не знам каде постојано го посочувам, но еве, за твоја љубов, ќе ти посочам уште еднаш – Тара му е единствената внука и му беше извор на радост. Зарем тоа не е убаво? Па, да“ – ѝ одговори кратко Ковач.

Да потсетиме, Кристина во описот на спорната фотографија напиша:

„Стигнав дома, во Стокхолм. Изминативе неколку дена беа магливи, сплет од ужасни чувства – тага, очај, жалење, стрес, фрустрација, неправда. И на крај, поврзување на фактите во многу јасна претпоставка за тоа што ме чека, што ми се подготвува. Се е јасно, кристално јасно. Она на што ќе се посветам е тагувањето по татко ми, бидејќи јас сум многу добра во тоа. Никогаш не се плашев од тагата и никогаш не бегав од неа, а таа ќе ми обезбеди моменти поминати со него во мојата душа, во сеќавање, тоа ми треба сега. Ќе се посветам на насочување на мојот живот во вистинската насока, кон музиката и творештвото, онолку колку што дозволува мојата реалност, за да можам да го продолжам него и неговата уметност… Ќе се посветам и да ја водам неговата единствена талентирана внука на вистинскиот пат со многу љубов и поддршка. Тој беше исклучително горд на неа. Она што јас сигурно нема да го направам е да страдам и да кукам за ужасните, недостојни работи за кои се способни луѓето, за кои се сомневам дека веќе некое време се во функција, а се уште доаѓаат. Не, едноставно ќе морам да се борам со нив, како секоја силна жена и борец. Од срце, силно и до крај. Затоа што јас сум ќерка на мајка ми и ќерка на татко ми”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Kovac (@kristinakovac43)

Најнови вести