Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, за прв пат пред јавноста се појави со својата нова партнерка откако се разведе, а тоа реши да го направи на финалето од тенискиот турнир Вимблдон.
Сопственикот на „Амазаон“ заедно со Лорен Санчез го гледаа пет часа натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Федерер.
Безос само што се разведе официјално со својата сопруга Мекензи Безос во разделба што го чинеше 38 милијарди. Разводот се најавуваше од јануари, а претходно тие беа во брак 25 години.
Санчез е поранешна ТВ-презентерка, а позната е и по тоа што знае да управува хеликоптер.
Досега таа со големиот бизнисмен и претприемач се сретнуваше инкогнито.