Моите првачиња знаат дека се родени во Македонија, така им пишува воизводот на родени, пишува на Твитер македонската пејачка и хуманитарка Ребека Јанковска Ристески.
– Кога некој ќе каже Северна Македонија, комплетно се збунети и прашуваат зошто некој така ја нарекува нивната татковина. Кога навиваме гласно: Македонија, Македонија! Нас Македонија ни е во срцето и во душата. Ја сакаме Македонија. Ако некому тоа му пречи може слободно да си оди од овде. Оваа земја е Македонија, објави Ребека.