Познатата мексиканска убавица денес има 49 години, а многумина ја паметат нејзината позната сапуница „Росалинда“, која некогаш беше најгледана во Македонија и околните земји, како и серијата „Маримар“, во која глумеше и таа.
Талија, која е родена како Арианда Миранда, се прослави надвор од границите на нејзината земја со сериите споменати погоре, кои беа емитувани на домашната телевизија пред повеќе од 20 години.
Исто така, успешно изгради пејачка кариера, а денес настапува низ целиот свет и се занимава со создавање облека, па го занемари актерството. Од 2000 година е во брак со поранешниот сопруг на Мараја Кери, Томи Мотол, познат музички магнат кој е 22 години постар од неа.
Познатиот пар има две деца, Сабрина и Метју и е еден од ретките примери на парови чија голема популарност не им ја нарушуваше среќата. Многу е активна на социјалните мрежи, и евидентно е дека не се сменила многу и дека убавината ја красела цел живот.
View this post on Instagram
Животот на Талија беше обележан и со одредени негативни работи, како на пример киднапирањето на нејзините сестри Лора и Ернестина во септември 2002 година. Запата беше ослободен на 18-ти ден по киднапирањето, додека Ернестина беше на 36-ти ден по киднапирањето.
На актерката и беше дијагностицирана подмолна, Лајмска болест пред 12 години.
Се потев како никогаш порано, сè ме болеше, косата почна да ми паѓа … – рече во една прилика Талија, додека по некое време успеа да се врати во нормалните животни активности.