четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Реља и Николија по седум месеци открија како се вика втората ќеркичка

Реља и Николија по седум месеци открија како се вика втората ќеркичка

Српската пејачка Николија Јовановиќ се породи пред седум месеци, а таа и Реља Поповиќ досега криејаа како се вика наследничката.

-Станавме мајка и татко на прекрасно девојче. Многу те сакам и многу си храбра, се пофали тогаш гордиот татко.

Тие досега не се огласуваа и не сакаа да го откријат името на ќеркичката.

-Реља и јас го чуваме приватниот живот. Мојата среќа е голема иако не ја делам со медиумите и јавноста. Кога би го вратиле времето, немаше да ви го кажам ни името на првата ќерка. Но, сега одлучивме децата да ги сокриеме од јавност. Кога се занимавате во јавна работа и имате многу пријатели, а мајка ви е фолк дива, не може да сокриете некои работи, па дури и оние најличните. По речиси седум месеци ви го откриваме името на бебето. Се вика Хана, изјави Николија за „Хело“.

Реља и Николија за првата ќерка го одбраа името Реа.

Најнови вести