Веста дека Анастасија Ражњатовиќ и Ѓорѓе Кулиќ ја прекинаа петгодишната врска одекна како бомба.
Иако беа во врска цели пет години, ретко кој знаеше детали за неговиот приватен живот.
Ѓорѓе порано го поврзиваа со позната девојка од српската естрада, а она што е посебно интересно е тоа што младиот Кулиќ е богат бизнисмен кој кариерата ја започна во текот на своите студентски денови во Америка, каде долги години живееше.
Ѓорѓе во Америка започна бизнис со камиони.
Долго време се шпекулираше дека Ѓорѓе заедно со својата цимерка во Америка, Ања Стојковиќ, ќерка на познатиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси, која денес е венчана со автомобилистот Хуго Валета, имале нешто повеќе од пријателство.
Анастасија порано во медиумите многу зборуваше за односите со Кулиќ.
-Имам среќа што на момците сум им била прва или втора девојка, па така никогаш не размислував за нивните поранешни девојки. Тие беа многу постари од мене, моето сегашно момче е девет години постар од мене. Немам на што да сум љубоморна, се пред мене било несериозно, говореше Анастасија додека беше во љубовна врска со Ѓорѓе.