понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Режисерот Стивен Спилберг откри кој актер ја спасил целата филмска индустрија од пропаст: „Направи пресврт…“

Режисерот Стивен Спилберг откри кој актер ја спасил целата филмска индустрија од пропаст: „Направи пресврт…“

Славниот режисер Стивен Спилберг го пофали Том Круз и неговиот филм „Top Gun: Maverick“ којшто го лансираше на листата најплатени актери на светот.

Режисерот и актерот се сретнале на свечен ручек за номинираните за Оскари 2023 година, а видеото од нивниот разговор станало вирално на социјалната мрежа Твитер.

Импресиониран од успехот на филмот, Спилберг откако се прегрнал со актерот, му рекол: „Направи пресврт… Му го спаси задникот на Холивуд“.

Круз на тоа скромно кимнал со главата, а Спилберг продолжил: „Сериозно, Maverick можеби ја спаси целата филмска индустрија“.

Да ве потсетиме, новиот „Top Gun 12“ е најуспешниот филм на сите времиња и заработи 1.48 милијарди долари на светските благајни и воедно е најуспешниот филм на актерот Круз.

Инаку, Спилберг и Круз во минатото соработувале на филмови, вклучувајќи го и „Minority Report“ од 2002 година.

Според бројните наводи актерот и режисерот влегле во кавга на снимањето на филмот „War of the Worlds“.

Причина за кавгите биле маркетинг кампањата за филмот и бизарното однесување на Круз кај Опра кое на режисерот не му се допаднало. Потоа повеќе никогаш не соработувале на ниту еден проект, но се чини дека сега работите меѓу нив се многу подобри од претходно.

Најнови вести