Славниот холивудски актер Ричард Гир бил итно хоспитализиран за време на одморот во Мексико.
Светските медиуми јавуваат дека Гир бил примен во болница поради силна кашлица и воспаление на белите дробови. Бил пуштен на домашно лекување откако една ноќ поминал во болница со антибиотска терапија.
За здравствената состојба се огласи неговата сопруга која истакна дека најлошото поминало и тој сега задравува и ќе биде добро.
Актерот со семејството бил во Мексико каде го прославувале 40 роденден на сопругата.