понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ријана ја криеше од фановите најубавата вест, пејачката лажеше дека не е бремена

Ријана ја криеше од фановите најубавата вест, пејачката лажеше дека не е бремена

Познатата пејачка Ријана (33) на целиот свет му покажа фотографии од трудничкиот стомак, па призна дека го чека своето прво дете со колегата Асап Роки.

Ријана на фотографиите го покажува својот голем стомак, па евидентно е дека е бремена веќе неколку месеци иако тврдењата дека чека бебе таа ги демантираше пред неколку недели.

Една нејзина обожавателка го постави ова прашање на Инстаграм кон крајот на минатата година:

– Може ли да дојдам на „baby shower“, сестро? Вистина или не, вашите бебиња ќе бидат убави.

Ријана тогаш во свој стил одговорила:

– Ха! Доволно! Вие не бевте во првите десет “baby shower“. Секоја година ме размножувате, по ѓаволите!

Очигледно музичката ѕвезда од Барбадос и тогаш била бремена, но не сакала да зборува за тоа.

Новинарските натписи за нејзина бременост не сакаше да ги коментира.

Најнови вести