четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ријана на листата на милијардери на Форбс: Еве колку “тежи“ бремената пејачка и кои колеги се во нејзино друштво

Ријана на листата на милијардери на Форбс: Еве колку “тежи“ бремената пејачка и кои колеги се во нејзино друштво

Пејачката и сопственичка на козметичката линија Ријана (34) се најде на листата на милијардери на Форбс за 2022 година, каде што се најде како најдобро рангирана пејачка.

Пејачката стана милијардер минатиот месец, а на листата на Форбс е со вредност од 1,7 милијарди долари. Нејзиното богатство е главно козметичката линија „Fenty Beauty“. Во 2020 година оствари приход од околу 550 милиони долари. Ријана е и првата личност од островот, а од неодамна и од републиката Барбадос, која стигнала на листата на Форбс.

Покрај Ријана, на листата се најдоа и Канје Вест (44) и Џеј Зи (52). Канје е на 1513. место со вредност од две милијарди долари, додека Џеј Зи е на 2076. со вредност од 1,3 милијарди долари.

На врвот на овогодинешната листа е директорот на Tesla и SpaceX, Илон Маск (50). Според Форбс, тој е најбогатиот човек на светот, а неговата вредност се проценува на 219 милијарди долари.

Најнови вести