петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ријана прв пат со покриен стомак, откако го покажа не престана да го покажува, РИРИ во продвница за бебешка облека (ФОТО)

Ријана прв пат со покриен стомак, откако го покажа не престана да го покажува, РИРИ во продвница за бебешка облека (ФОТО)

Ријана стана препознатлива по необичниот труднички стил, а изјави дека никогаш нема да купи трудничка облека. Набрзо потоа, беше забележана во Таргет, продавница во која купуваат и „обични луѓе“, каде што купуваше облека за нејзиното дете и можеби за првпат се појави во комбинација што ѝ го покрива стомакот.

Откако откри дека е бремена, Ријана не престана да ја изненадува јавноста со необичните модни комбинации.

34-годишната пејачка ја користи секоја можност да го покаже трудничкото стомаче и додека некои се воодушевени од нејзиниот стил, многумина ја искористија можноста да се пошегуваат на нејзина сметка.

Деновиве Ријана беше забележана во јавност можеби првпат со широка облека која ѝ го покрива стомакот.

Ријана, која го очекува првото дете со музичарот Ејсап Роки, купуваше детска облека. А, иако денес „тежи“ повеќе од милијарда долари, пејачката купуваше облека во Target – ланец продавници во САД каде што обично пазарат „обичните“ луѓе, а не ѕвезди и богаташи, поради пристапните цени.

Пејачката носеше широк син блузон во комбинација со мини-здолниште и сандали со високи потпетици. Комбинацијата ја дополнила со впечатлива чанта, а косата ѝ беше собрана во високо опавче.

Неодамна Ријана лансираше линија шминки и, нормално, на настанот се појави со разголен стомак.

Тогаш пејачката откри која е инспирацијата зад впечатливиот моден стил во бременоста, нарекувајќи го „бунтовнички“:

„Сама си реков дека нема да купувам трудничка облека. Нема да купувам труднички панталони, фармерки и фустани, или да правам она што ми го наметнува општеството. Порано, кога гледав како се облекуваат бремените жени, мислев дека тоа е единствениот начин.

Па, решив да ги поместам границите и, искрено, сакам само да се забавувам со трудничкиот стил. Бидејќи за мене нема ништо позабавно од предизвик, тоа ми ја буди креативноста. Тогаш сум присилена да смислам нови идеи и да ги реализирам“.

„Модата ми е едно од омилените нешта, па, ги менувам правилата за трудничка облека. Некогаш бременоста е неудобна, па ми останува само да се дотерам“.

Пејачката откри и како се справува со предизвиците што доаѓаат со бременоста:

„Пробувам да не мислам премногу. Се обидувам да го прифатам она што следи бидејќи има многу непознати работи. Денес е доволно да се справам со овој ден, нели?

Да станам од креветот, да смислам што ќе носам, да облечам штикли. Сите работи што изгледаа едноставно сега ми се како огромна обврска, па одам чекор по чекор.

Најважното нешто што го научив во текот на бременоста е дека никој не може целосно да ве подготви за неа. Без разлика колку приказни ќе слушнете, вашето патување е уникатно и никогаш нема да се чувствувате доволно подготвени. Па, треба само да го прифатите патувањето“.

На прашањето за што е најмногу возбудена во моментот, Ријана одговори:

„Тоа што ќе го сретнам моето бебе! Имам многу 3Д и снимки од ултразвук и едвај чекам да го запознаам“.

Најнови вести